haPPy кеш бек програмата за лојалност е во сопственост на компанијата НЕП Лојалити ДООЕЛ Скопје, компанија која е дел од Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
НЕП Лојалити е формирана во 2017-та година и нејзина основна задача е да ги поврзе и направи синергија помеѓу постоечките корисници на haPPy кредитната картичка и трговците кои се партнери на програмата.
Главната цел на компанијата е да ги движи постоечките haPPy и НЛБ клиенти кон продажните места на партнерите и така да креира поголем приход преку зголемена потрошувачка и продажба. На овој начин ја градиме најголемата куповна заедница во земјата и креираме производ кој е прв избор при плаќање и на врвот на сечиј паричник.
НЕП Лојалити низ годините се разви во лидер во својата сфера на делување и преставува уникатен пример на компанија од овој тип во Македонија.