Со haPPy кобрендираната кредитна картичка, корисниците добиваат кеш бек (поврат на средства) секојпат кога ја користат истата за купување производи или услуги каде било, кога било и на кој било износ. Кеш бекот го добиваат како готови средства исплатени на својата картичка, дополнение на расположливиот лимит за трошење и истите можат да ги користат по сопствено убедување и потреби.
Корисниците на картичката добиваат од 1 % до 12 % кеш бек при плаќање на продажни места на трговци кои се дел од haPPy програмата за лојалност, како и загарантирани 0,6 % при секое плаќање надвор од оваа партнерска мрежа независно од тоа дали трансакцијата е направена на ПОС терминал на НЛБ Банка или на друга банка, во земјата или во странство, на интернет итн.
Исклучоци каде клиентите не добиваат кеш бек се следните типови на трансакции : подигнување на готовина, трансакции во казина, обложувалници и други игри на среќа, плаќање на режиски трошоци, плаќања во државни и јавни институции и органи, плаќање на јавен превоз, трансакции на бензиски пумпи надвор од партнерската мрежа, содржини за возрасни и трансфер на пари.
Клиентот го добива својот кеш бек на крајот на секој пресметковен месец на својата картичка и истиот може веднаш да го користи.
За да клиентот добие кеш бек до 12 % во рамките на партнерската мрежа, трансакцијата мора да ја направи на ПОС терминал на НЛБ Банка, што е и основниот услов кој треба трговецот да го исполни за да биде дел од програмата. Трансакција на друг терминал носи загарнатиран кеш бек од 0,6 %.
Клиентот нема ограничувања за кеш бекот којшто може да го добие, потрошениот износ и неговото користење. Нема ограничување и на проиаводите кои ги купува – може да купи производи на попуст, промоција, рати (таму каде што е тоа овозможено од страна на банката) итн.