ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ HAPPY НА НЕП Лојалити ДОО експорт-импорт Скопје

1. Вовед

1.1. Правилата и условите (во натамошниот текст Правила) за членство во HAPPY  програмата за лојалност на НЕП Лојалити ДОО експорт-импорт Скопје (во натамошниот текст Програмата) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања, прaва и ограничувања кои произлегуваат од членството во Програмата. Правилата заедно со било кои други применливи услови и правила поврзани со било кои промотивни понуди кои можат да бидат испратени до членовите на Програмата, претставуваат договор помеѓу Членот на Програмата и Програмата. Со зачленување во Програмата, и нејзино користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата, овластувањата и ограничувањата наведени во овие Правила. НЕП Лојалити ДОО експорт-импорт Скопје, како сопственик на Програмата за лојалност го задржува правото да врши измени и/или дополнувања на Правилата или да ја дополни, измени или укине Програмата. Сите промени ќе бидат објавени на интернет страницата на НЕП Лојалити ДОО експорт-импорт Скопје, www.happycard.mk, пред нивно стапување во сила. 

1.2. Физичко лице станува член на Програмата со стекување на кобрендирана кредитна картичка “Mastercard World HaPPy Card” (кобрендирана картичка) издадена од страна на НЛБ банка АД Скопје (во натамошниот текст Банката или Издавач на кобрендираната картичка), односносно со потпишување на ДОГОВОР ЗА ДОБИВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА “Mastercard World HaPPy Card” КОБРЕНДИРАНА КАРТИЧКА со Банката. Кобрендираната картичка претставува потврда за членство во Програмата. Членовите на Програмата за да ги стекнат правата и бенефициите од Програмата при купување на продажните места на партнерската трговска мрежа на Програмата треба да извршат плаќање со кобрендираната картичка на ПОС терминал на Банката.

1.3. Правилата и условите за членство во Програмата, како и условите за аплицирање и одобрување на кобрендираната картичка се јавно достапни и во секој момент можат да се видат на интернет страната на НЕП Лојалити ДОО експорт-импорт Скопје, www.happycard.mk и на интернет страната на НЛБ банка АД Скопје www.nlb.mk


2. Дефиниции:

2.1. “Правила и услови” значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата, правата и обврските кои произлегуваат од членството во Програмата;

2.2. “HAPPY програма за лојалност” или “Програма“ значи програма за лојалност преку која членовите на Програмата со плаќање на производи и/или услуги со кобрендираната картичка на продажните места на партнерската трговска мрежа на ПОС терминал на Банката се стекнуваат со право на поврат на парични средства во висина на одреден процент од износот на средствата кои се платени со кобрендираната картичка намален за управувачка провизија.

2.3. Сопственикот на програмата за лојалност, НЕП Лојалити ДОО експорт-импорт Скопје е трговско друштво кое е основано и работи во согласност со законите на Република Северна Македонија и има регистрирано седиште на ул. Беласица бр. 2 Еаст Гате Малл-К.2 лок.К2.1, 1000 Скопје - Гази Баба;

2.4. Издавач на кобрендираната картичка, НЛБ банка АД Скопје е банка која е основана и работи во согласност со Законите на Република Северна Македонија и има регистрирано седиште на ул. Водњанска бр. 1, 1000 Скопје;

2.5. “Партнер на Програма“ означува било кое трговско друштво или трговец поединец кој со Сопственикот на Програмата има склучено Договор за учество во Програмата; Списокот на Партнери кои учествуваат во Програмата, се објавени на интернет страната на Сопственикот на Програмата, www.happycard.mk и на интернет страната на Издавачот на платежната картичка, www.nlb.mk.

2.6. Партнерска трговска мрежа преставуваат сите продажни места на сите Партнери, на кои Членовите на Програмата можат, преку плаќање со кобрендираната картичка на ПОС терминал на Банката, да ги остварат бенефициите предвидени со Програмата. 

2.7. Трансакција, означува плаќање на производ и/или услуга од страна на членот на Програмата, во рамките на партнерската трговска мрежа, преку користење на кобрендираната картичка на ПОС терминал на Банката.

2.8. “Кобрендирана картичка” значи платежна картичка со или без однапред утврден кредитен лимит, издадена од страна на Издавачот, НЛБ банка АД Скопје, во корист на членот на Програмата. Издавачот е овластен да води евиденција за сите трансакции на Членот на Програмата. Членот на програмата го овластува Издавачот, без посебна согласност од Членот на програмата, евиденцијата за сите трансакции направени од страна на Членот на Програмата, во рамките на партнерската трговска мрежа, да ја сподели, односно пренесе на Сопственикот на Програмата. 

2.9. Процент на поврат на средства означува процент од вкупниот износ на Трансакции реализирани од страна на Членот на Програмата во продажните места на било кој Партнер на Програмата на ПОС терминал на Банката. Висината на процентот на поврат на средства е утврден со Договор за партнерство во Програмата, склучен помеѓу Сопственикот и секој Партнер на Програмата посебно. Висината на процентот на поврат на средства за секој Партнер на програмата е објавен на веб страната на Сопственикот на Програмата, www.happycard.mk и на интернет страната на Издавачот на платежната картичка, www.nlb.mk.  Процентот на поврат на средства, го наплаќа Издавачот на картичката од Партнерите на програмата, врз основа на Договор за партнерство во програмата за лојалност HAPPY, склучен помеѓу Сопственикот и секој Партнер на Програмата посебно, за секоја реализирана Трансакција, за сметка на Членот на програмата.

2.10. Управувачка провизија претставува износ за кој се намалува Процентот на поврат на средства. Средствата на управувачката провизија се користат за финансирање на активностите поврзани со Програмата.  


3. Услови за членство:

3.1. Член во Програмата може да стане секоe полнолетно физичко лице кое ќе ги прифати Правилата и ги исполнува условите пропишани од страна на Издавачот на кобрендираната картичка. Условите и потребната документација за издавање на кобрендираната картичка се јавно објавени на интернет страната на Издавачот на картичката www.nlb.mk и Сопственикот на Програмата www.happycard.mk;


4. Стекнување на право за поврат на средства:

4.1. Со зачленување во Програмата и издавање на кобрендираната картичка, Членовите на Програмата стекнуваат правото да остварат поврат на поврат на средства, при секоја трансакција, во рамките на партнерската трговска мрежа, под услов трансакцијата да е извршена со користење на кобрендираната картичка на ПОС терминал на Банката.

4.2. Повратот на средства намален за управувачката провизија, Членовите на Програмата го добиваат месечно, согласно договорениот пресметковен период со Издавачот на картичката, на сметката поврзана со кобрендираната картичка.

4.3. Трансакции кои се квалификуваат за стекнување на поврат на средства, се сите купувања кои се платени со користење на кобрендираната картичка на ПОС терминал на Издавачот на кобрендираната картичка, инсталиран на продажното место на Партнерите на Програмата, како и безготовинските трансакции во продажната мрежа на кои Издавачот на кобрендираната картичка обезбедува поврат на средства согласно продуктните карактеристики на кобрендираната картичка објавени на веб страната на Сопственикот на Програмата www.happycard.mk и Издавачот на кобрендираната картичка www.nlb.mk.


5. Сторнирање на право за поврат на средства: 

5.1. За секоја сторнирана трансакција, која била предмет на поврат на средства, на Членот на програмата ќе му биде сторниран повратот на средства.


6. Откажување на членство:

6.1. Членството во Програмата може да се откаже во било кое време со поднесување на писмено барање до Издавачот на платежната картичка за откажување на кобрендираната картичка согласно правилата за добивање и користење на картичка на Банката.


7. Политика за приватност и заштита на личните податоци

 7.1. Членовите на Програмата се согласни Сопственикот на програмата и Издавачот на кобрендираната картичка, да ги обработуваат и меѓусебно да ги разменуваат личните податоци на членовите на Програмата во обем и форма која соодвествува со потребите за функционирање на Програмата.

7.2. Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци кои се добиени посредно или непосредно од Членовите или преку Издавачот на кобрендираната картичка, ќе бидат третирани согласно внатрешните правила на Сопственикот на Програмата и на Издавачот на кобрендираната картичка за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Македонија.

7.3. Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата се согласуваат Сопственикот на Програмата и Издавачот на кобрендираната картичка да ги користат нивните лични податоци за директен (SMS и/или е-mail) маркетинг, или со цел да врши проверка или верификација во бази на податоци или кредитни бироа или регистри во согласност со законите во Република Македонија.

7.4. Со прифаќање на овие Правила членот на Програмата се согласува нивните лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Македонија и внатрешните правила на Сопственикот на Програмата и на Издавачот на кобрендираната картичка.