Инфо за картичката

Основни информации

haPPy кобрендирана картичка на Mastercard платформа со меѓународна важност;

Бесконтактна картичка со меѓународна важност која секојдневно можете да ја користите во земјата и странство, за  сите Ваши купувања како и за подигање на готовина

Тип на картичен продукт


  • Револвинг кредитен картичен продукт;
  • Одобрување на кредитен лимит
  • Отплата од минимум 5% од месечните трошоци или повеќе, согласно вашите можности.


Бенефиции за клиентот

  • Можност за остварување на cashback во висина до 12% од износот на трансакцијата при секое купување во рамки на партнерската мрежа која брои преку 300 трговци и повеќе од 1.300 продажни локации
  • Загарантиран поврат на средства - cashback во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажните места надвор од партнерската мрежа ( во земјата и странство).

Годишна членарина

Членарина - 900 мкд годишно на 12 месечни рати 

Трошок за апликација:

300 мкд еднократно

Каматна стапка

  • Редовна каматна стапка - 14.30% на годишно ниво
  • Казнена каматна стапка - 14.30% на годишно ниво

Дополнителни информации

  • Минимум месечна отплата во висина од 5% од вкупните доспеани обврски 
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Бесплатна смс нотификација за сите трансакции реализирани со кобрендираната картичка

Каде да аплицирате

  • Аплицирајте за картичката во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните салони на Нептун.
  • Можност за инстант одобрување на кредитен лимит на картичката во продажните салони на Нептун, како и можност за реализација на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на картичката.

Потребни документи

Овде можете да го симнете формуларот со преддоговорни информации

Клиентот може да го оствари правото на паричен поврат (кешбек) во рамки на мрежата на партнери само доколку плаќањето биде извршено на ПОС терминал на НЛБ банка АД Скопје.


Поврат на средства нема да се одобрува за следниве типови на трансакции:

- Подигнување на готовина

- Трансакции во казина, спортски обложувалници и други игри на среќа

- Плаќање на режиски трошоци (вклучително плаќање на сметки за вода, електрична и топлинска енергија, сметки за кабелска телевизија, телекомуникации)

- Плаќања во државни и јавни институции и органи (по основ на данок, административна такса, обрасци, радиодифузна такса и останато)

- Трошоци за јавен превоз (билети за автобуски, железнички и друг вид на јавен превоз)

- Трансакции на бензински пумпи надвор од партнерската мрежа

- Содржини за возрасни

- Трансфер на пари (на директен начин преку Mastercard Money Send или на индиректен начин преку други платежни платформи)